Американскиот претседател Доналд Трамп не бил тестиран за новиот коронавирус иако бил во контакт со најмалку двајца конгресмени кои се под карантин. Конгресмените учествувале на конференција заедно со човек кој е позитивен на новиот коронавирус.
„Претседателот не е тестиран за Ковид-19 бидејќи немал близок контакт со луѓе за кои се потрвдено дека се заразени со вирусот, ниту имал какви било симптоми. Трамп е со одлично здравје, наведува во пишана изјава портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.
Најмалку петмина конгресмени се доброволно во карантин. Меѓу нив се и двајца републиканци кои имале контакти со Трамп во изминатите денови откако биле изложени на вирусот на конференција во Мериленд од 26-29 февруари.