Три деца од „Владо Тасевски“ се во домашна изолација

Три деца од училиштето „Владо Тасевски“ се во домашна изолација поради коронавирусот, бидејќи нивните родители се лица кои присуствувале на симпозиумот каде била и Нина Цаца Билјановска, директорката на Клиниката за дерматологија, која е позитивна на корона вирусот, објави Телма. Поради ова и останатите родители не ги пуштиле на настава и своите деца. Вакви случаи денеска се забележани и во улиштата „Братство“ и „Вера Циривири Трена“.

Во „Братство“, докторката Кујтиме Мехмети на трети март држела предавања и сега е во 14-дневна домашна изолацијаи, но е без симптоми на коронавирус, таа за состојбата го известила и училиштето.

Треба да знаете
Последни објави