Работна средба на министерот Чулев со Невенка Стаменковска – Стојковски, Дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев имаше работна средба со Невенка Стаменковска – Стојковски, Дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација. На состанокот беше разговарано за спроведување на кампањата „Фер избори, пријави притисок” и нејзината имплементација во Министерството за внатрешни работи. Притоа, министерот Чулев истакна дека ќе се заложи за доследно спроведување на кампањата во целост во рамки на МВР.
Заеднички беше констатирано дека притисокот врз вработените од сите сектори не е дозволив и дека оваа појава ќе биде санкционирана во согласност на законските прописи.
Дополнителниот заменик министер Стаменковска – Стојковски потенцираше дека Министерството за информатичко општество и администрација интензивно презема активности за информирање и едукација, а ќе постапува и по сите пријави од страна на вработените во јавниот сектор.