Анџелина Џоли беше во кино со ќерките Шилох и Захара еден ден откако го пофали семејството за покажаната солидарност кон двете девојчиња по нивните операции.
Во текот на последните два месецa Џоли мораше да гледа како нејзините две ќерки Захара и Шилох беа подложени на операции.
И кога проблемите се веќе надминати, познатата актерка и хуманитарка реши да помине квалитетно време со двете девојчиња и ги однесе во кино во Лос Анџелес во понеделникот.
Трите беа забележани од папараците веднаш откако нивното возило застана на паркингот пред киносалата.
Бидејќи Шилох неодамна имаше операција на колкот, на 13-годишната ѝ беше потребна помош од мајка ѝ, која излезе од возилото за да ѝ подаде патерици.
Џоли изгледаше стилски во црн фустан делумно покриен со црно палто.