Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот претседател, Јово Вангеловски како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет. Со оваа одлука Вангеловски и официјално е разрешен.
-Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот Претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд. На истата седница жалбениот совет донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година, се вели во соопштението објавено на Врховен суд. Вангеловски беше разрешен беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. Со три гласа „за“, пред две и пол години Вангеловски и уште двајца врховни судии го ослободија избеганиот Кочан од притвор.