Актуелниот шпански фудбалски првак и лидер во првенството Барселона следната недела ќе го пречека тимот на Наполи на реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите зад затворени врати за гледачите на „Камп Ноу“. Ова е одлука е донесене поради опасноста од од ширењето на коронавирусот.
Претходно беше одлучено без присуство на гледачи во европските купови да се играат без публика натреварите: Валенсија- Аталанта (10 март), ПСЖ- Борусија Дортмунд (11 март), Интер –Хетафе (12 март) и Олимпијакос- Вулверхемтон (12 март).