Американскиот претседател Доналд Трамп нема да дојде во Русија на одбележувањето на 9 мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека САД ја известиле Москва, додаде „Ројтерс“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Москва сè уште не знае кој ќе ги претставува Соединетите Држави на парадата по повод одбележувањето на 9 мај.