Малта ги прекинa сите патнички линии со Италија

Малта ги запре сите патнички линии со Италија, нејзиниот најблизок сосед и главен извор на храна и други производи, по потврдениот четврти случај на коронавирус од саботата, изјави премиерот Роберт Абела.

Тој на прес-конференција изјави дека сите летови помеѓу островот и Италија веднаш биле прекинати и дека дневниот траектен промет помеѓу Малта и Сицилија оддалечена 93 км ќе се одвива само за лекови и товар.

Во понеделникот „Ер Малта“ и „Рајанер“ ги прекинаа летовите меѓу средоземниот остров и северна Италија, каде што се пријавени повеќето од 9172 случаи на коронавирус и 463 смртни случаи.

Премиерот Абел е критикуван поради тоа што не ги слушал претходните повици на медицинското здружение да ги запре летовите од северна Италија кога вирусот почнал да се шири.

Првите три случаи на коронавирус на Малта се случиле во семејство кое патувало за Италија и се вратило преку Рим.

Треба да знаете
Последни објави