Милиони жени во Мексико останаа дома протестирајќи против насилството

Милиони жени во Мексико не отишле на работа, во училишта или владини служби, придружувајќи се на вториот ден на протестите против насилството и мачо културата.

Целта на штрајкот, под слоганот „Ден без нас“ е да се покаже каков би бил животот ако жените исчезнат од општеството.

Оваа форма на протест доаѓа по масовните демонстрации што се одржаа на Меѓународниот ден на жената, пренесува „Ројтерс“.

Во северниот дел на Мексико, во градот Сиудад Хуарез на границата со САД, фабриките се невообичаено тивки затоа што многу жени останаа дома.

На протестот им се придружија и домородните жени на југ, како и работничките од Министерството за надворешни работи.

Видеата објавени на интернет покажуваат празни работни маси на вработените во министерството и пораки на столовите со кои се опоменува за насилството врз жените.

Паола Рохас, колумнистка на весникоте „Ел универзал“, го остави празен својот простор во весникот, освен хаштагот во знак на поддршка на протестите.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Обрадор налути голем број жени минатата недела, посочувајќи дека конзервативците и другите критичари на неговата влада се инфилтрирале во протестите.

Треба да знаете
Последни објави