Министерството за надворешни работи на Словенија апелираше да не се патува во Италија

Министерството за надворешни работи на Словенија уште еднаш преку соопштение ги повика граѓаните да не патуваат во Италија, јави дописникот на МИА од Љубљана. Амбасадата во Рим веќе објави упатства за сите словенечки државјани кои се наоѓаат во Италија, како да се заштита од коронавирусот и мако да се однесуваат за време на прогласениот карантин во целата држава.

Во меѓувреме од Универзитетот во Марибор кажаа дека засега нема да го следат примирот на Универзитетот во Приморска и да ги затворат вратите за студентите. Сепак ректоратот одучи да се забранат сите собири на студентите кои не се дел од редовната настава.

Треба да знаете
Последни објави