Само неколку часа по првиот трејлер за новата мини серија The Undoing што ќе се емитува на „Ејч-би-оу“ главните протагонисти Никол Кидман и Хју Грант повторно се обединија.
Кидман (52) и Грант (59) се прегрнуваат на фотографијата која што Кидман ја постираше на својот Инстаграм во понеделникот попладне.
„Не е лошо вака да се помине понеделник“, напиша Кидман и ги додаде хаштагите #HughGrant и #TheUndoing.
Кидман носи светло кафеав мантил Гучи, под него кобалт-сина кошула и црни пантолони.
Грант на себе има светло сина кошула, сив костум и препознатливата насмевка.
НBO го објави првиот трејлер за својата нова мини-серија под наслов The Undoing. Тоа е телевизиска адаптација на популарниот роман „Требаше да знаеш“ (You Should Have Known) на американската писателка Џин Харф Корелиц. Главните улоги во мини-серијата ќе ги играат Никол Кидман, Хју Грант и Доналд Сатерленд.
Мини-серијата од шест епизоди својата премиера ќе ја има на 10 мај.