Овие се единствените две земји во Европа каде што нема коронавируси

Овие се единствените две земји во Европа каде што нема коронавируси

Во светски рамки, вкупниот број на инфекции со коронавирус надмина 114.000.

Повеќе од 4.000 луѓе починале, а повеќе од 64,000 се опоравиле.

Во Македонија со вчерашниот случај вкупно заболени се 7 лица.

Италија бележи драматично зголемување на бројот на мртви и заразени во епидемијата на коронавирус во изминатите 24 часа, и покрај воведувањето на карантин во Ломбардија и другите северни региони во обид да го забави ширењето на вирусот, мерка што Светската здравствена организација ја нарече смела. Во Италија биле заразени 7985 лица, а 463 починале.

Италија забележа најголем број смртни случаи од вирусот „Ковид-19“ од сите други земји надвор од Кина, каде што избувнувањето започна во декември.

Во Европа, само две земји немаат коронавирус

Само две земји во Европа досега пријавиле ниту еден случај на инфекција со коронавирус, имено Црна Гора и Турција.

Во Италија, досега бројот на случаи надмина 9000, а починаа 463 лица. Во Шпанија има 1480 активни случаи, а 35 лица умираат. Во Франција, 30 починале, а двајца починале во Германија.

Треба да знаете
Последни објави