Од конфискуван алкохол ќе се прават антисептици во Грција

Во рамки на итните мерки што грчката Влада ги презема за да се спречи ширењето на коронавирусот, Министерството за финансии, во соработка со министерствата за здравство и за правда, спроведува законско дејствие со кое се дава можност, запленетиот или конфискуваниот етил алкохол, што бил предмет на шверц, да го стави на располагање, бесплатно, на Министерството за здравство за подготовка на антисептици, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за финансии предвидено е компаниите што ќе бидат вклучени во производството на антисептични производи да се ослободат од ДДВ.

Според грчките медиуми, станува збор за најмалку 120 тони запленет или конфискуван етил алкохол.

Треба да знаете
Последни објави