Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се поинтензивно размислува да ги одложи сите репрезентативни натпревар во март од плеј-фото во Лигата на нациите преку кој ќе се комплетира списокот со учесниците на завршницата од ЕП 2020. Доколу челниците на европскиот фудбал се одлучат на ваков превентивен чекор за да ги заштитат, фудбалерите, навиввачите од ширењето на коронавирусот, во оваа акција ќе биде опфатен и полифиналниот меч од Д сегментото Макеоднија – Косово закажан за 26 март во Скопје.
Засега нема официјална потврда од УЕФА до ФФМ за ваков чекор, но европските медиуми се почесто пишуваат дека УЕФА и нејзините тела не се далеку од донесувањето на оваа одлука. И да не се случи одложување на сите натпреаври, се поизвесно е дека натпреаврите ќе се одиграат пред празни трибини. Опцијата не го одминува ниту Скопје, каде министерот за здравство уште пред неколку дена најави дека ќе препорача да нема масовни собири на луѓе поради коронавирусот кој од вчера се искачи на седумина заразени, а стотици се наоѓаат превентивно во домашен карантин.
Од ФФМ остануваат на ставот дека ја следи целокупната ситуација во координација со Министерството за здравство, и дека ќе ги почитуваат сите мерки кои ќе ги донесе Владата на РСМ. За да се донесе било каква одлука ФФМ ќе биде во координација и со УЕФА, која ја следи состојбата во секоја земја поединечно.
-Имавме и во Амстердам за време на Конгресот на УЕФА консултации на оваа тема. Може да кажам дека ние како федерација мора да ги почитуваме препораките од Владата и сигурно натпреварите од фудбалските лиги се до 13. март ќе се играат без публика. Засега натпреварот меѓу Македонија и Косово не е загрозен, што се однесува до терминот и играње со публика. Но, секако не се исклучува и можноста да се игра без публика, но се ќе зависи од одлуката на Министерството за здравство. Доколку има таква одлука ние ќе ја известиме УЕФА и во консултација и со Европската куќа на фудбалот дополнително ќе биде донесена одлуката. УЕФА ја следи состојбата и во сите други земји – го повтори ставот портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.