Фудбалскиот натпревар Македонија – Косово без гледачи, неизвесно дали воопшто ќе се одигра

Со најновата одлука на Владата на С. Македонија да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани во земјава во наредните 30 дена, симната е дилемата дека полуфиналниот фудбалски натпревар од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово, закажан за 26 март, дека на  арената „Тодор Проески“ ќе се игра зад затворени врати. Ако е извесно дека трибините ќе останат затворени за гледачите, сеуште останува да лебди неизвесноста дали воопшто средбата ќе се одигра во закажаниот термин. За вакво нешто ќе треба ФФМ да се координира и со УЕФА, пред која стигнаа дури и барања за одлагање на завршницата од ЕП-2020, што пак за првиот човек на евро-фудбалот Александар Чеферин е неприфатливо.
Управувачкиот комитет за координација и управување во системот со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, предложи, а Владата на редовна седница прифати продолжување на превентивните мерки во наредните две недели, период што не важи за спортските настани, каде препораката е да се играат без гледачи во наредните 30 дена.

ФФМ веќе во неколку наврати потврди дека ќе ги почитува сите препораки на надлежните за справување со новонастанатата ситуација околу сузбивањето на ширењето на коронавирусот кој го зафаќа и поширокиот регион. Со оглед дека ФФМ соопшти дека се распродадени влезниците за дуелот со Косово, ФФМ соопшти ако дојде до ваква одлука на сите кои куполе влезници ќе им ги врати парите.

Треба да знаете
Последни објави