Нивоата на повеќето реки во земјава кај кои денеска се вршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за март.
Според УХМР, покачувања има на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Пелинце, на Струмица кај Ново Село и на Сатеска кај Ботун.
Се уште преполовено е нивото на Црн Дрим кај Ложани, а пониски нивоа од просекот бележат и Црна Река, Вардар кај Јегуновце, како и Лепенец кај Скопје.
Повисок водостој е измерен и на Дојранско Езеро.