Кабул ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако се намали насилството

Авганистанската Влада постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително” намалување на насилството во земјата, изјави синоќа портпаролот Седик Седики.

– Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече Седики.

Според него, кога ќе започнат мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците, ќе бидат ослободени уште 500 затвореници секоја втора недела.

Седики додаде дека услов за ослободување е „значително” намалување на насилството.

Треба да знаете
Последни објави