СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2019 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено меган“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и амфетамин.