Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по само една одиграна сезона си заминува од тимот на Магдебург, но останува во Бундеслигата.
23-годишниот бек не ја доби вистинската шанса во редовите на Магдебург, и по потрага по поголема минутажа, се реши да ја прифати понудата од Хановер и од следната сезона ќе тресе мрежи за тимот предводен од шпанскиот стратег Карлос Ортега.
Со германскиот тим, нашиот ракометар би требало да потпише тригодишен договор и ќе ја има задачата да го замени искусниот Мортен Олсен.
Хановер ќе биде петтиот тим во кариерата на битолчанецот, откако претходно ги носеше дресовите на Пелистер,Металург, Еурофарм Работник и Магдебург.