Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи на видео конференција со други европски лидери и членови на Европската комисија дека објаснила што прави нејзината земја за да спречи ширење на новиот коронавирус и како Владата финансиски ги поддржува компаниите особено погодени од епидемијата.
Таа ја истакна важноста на координираната борба на Европејците против епидемијата, како и напорите за развој на вакцина против коронавирусот.
Во соопштението се вели дека другите лидери исто така ја истакнале потребата за соработка помеѓу европските земји во борбата против Ковид-19.