Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека со американскиот колега Доналд Трамп е на ти.
„Тој ме нарекува Владимир, а јас го нарекувам Доналд“, рече рускиот претседател во интервју за агенцијата ТСС, како дел од проектот „20 прашања за Путин“.
Тој призна дека е тешко за него да каже со кој американски претседател најлесно комуницирал, почнувајќи од Бил Клинтон, кој се повлече во 2001 година.
„Имав прилично конструктивен однос со секој од нив“, рече Путин, забележувајќи особено „добри односи“ со Џорџ В. Буш, кој беше претседател на Соединетите Држави од 2001 до 2009 година.
Нивото на односите на Русија и САД на скала од еден до пет Путин го оцени меѓу два и три.
Позитивните аспекти на руско-американските односи вклучуваат соработка во борбата против тероризмот и растот на билатералната трговија во последните две години.
Тој изрази несогласување со ставот дека Соединетите Држави можат да уживаат во ексклузивни права во светот, што го изнесе и поранешниот американски претседател Барак Обама.