Кошаркарите на Сан Антонио го надиграа Далас на свој терен со 119:109, и покрај одличната партија на Лука Дончиќ. Далас доминираше од стартот на мечот, но Сан Антонио успеа да направи пресврт и на крај да триумфира. Словенецот постигна 38 поени, со седум скока и седум асистенции, но неговите соиграчи не го следеа.
Вашингтон дојде до победа 122:115 благодарение на пресвртот во третата четвртина. Бредли Бил беше најефикасен со дури 40 поени.
И Хјустон дојде до триумф (117:111) над Минесота со пресврт во третата четвртина, а инициран од Расел Вестбрук кој направи серија од седум поени во таа фаза од мечот. Се надоврза и Џејмс Харден кој беше најефикасен со 37 поени.
Чикаго го совлада Кливленд со 108:103. Бостон славеше против Индијана со 114:111, а Орландо го победи Мемфис на гости со 120:115.
Постигнати резултати:
Инидјана – Бостон 111:114
Вашингтон – Њујорк 122:115
Чикаго – Кливленд 108:103
Хјустон – Минесота 117:111
Мемфис – Орландо 115:120
Сан Антонио – Далас 119:109
Портланд – Феникс 121:105
Голден Стејт – Лос Анџелес клиперс 107:131
Лос Анџелес лејкерс – Бруклин 102:104.