Шест работи кои можете да ги правите ако сте во самоизолација

Кога ни е оневозможена комуникацијата со надворешниот свет, обично се наоѓаме во изолација или карантин. Одеднаш имаме повеќе слободно време, поради засилените мерки за превенција или карантин, кои можат да бидат во болнички или домашни услови.

Во светот ситуацијата е многу серозна поради опасниот коронавирус, кој се шири непрекинато и брзо. Карантинот не треба да се сфати како казна, туку како превенција, со осмислен план. Што би ни годело за 14 дена во изолација кога ќе останеме дома? Верувале или не, времето може да се искористи квалитетно.

Постојано се жалиме дека немаме време за добра книга, која би сакале да ја прочитаме, но брзиот начин на живот не ни го дозволува тоа. Со добра книга, времето брзо поминува, а ние ќе бидеме задоволни.

Онлајн забава, игри, учење јазик, виртуелно патување во светот. Пијте кафе и разменувајте приказни преку интернет.

Филмови и омилени серии, сега имате време за нив да ги лгедате на мир, внимателно да ги следите нивните содржини, кои постојано ги пропуштате поради недостиг на време.

Среден стан-корисно, практично, големо чистење, бидејќи кога ќе заврши карантинот се ќе ви биде на свое место, а животот ќе биде полесен.

Вежбајте, тоа е добро за кондиција. Еден од предлозите е и јогата, која целосно не враќа на самите себе. Пожелна е медитацијата.

Шестата работа која може да ви го исполни времето додека сте во изолација е и пресадувањето цвеќе и средувањето на балконот. Сепак, и погледот преку прозор не е лоша работа.

Треба да знаете
Последни објави