(Видео) Се судрија два воза во метро во Мексико Сити – еден загинат и десетици повредени

Најмалку едно лице загина, а 41 се повредени откако се судрија два воза во метрото во областа Такубаја во Мексико Сити, пренесува Би-би-си.

Ужасниот инцидент се случил во вторникот вечерта. Видеата на очевидци од местото на настанот го покажуваат искривениот метал од испреплетените вагони, што укажува дека станува збор за особено силен судир. Силата на ударот била толку голема што едниот воз се качил врз другиот.

Шефот на градската влада Клаудија Шинбаум потврди дека најмалку 41 лице е повредено и дека ќе бидат спроведени сите стручни форензички истраги.

„Засега, најважно е да се погрижиме за повредените“, рече таа.

Извештаите на очевидци тврдат дека евентуална грешка може да го натерала еден од возовите да се движи рикверц, иако тоа треба да биде потврдено од властите.

Треба да знаете
Последни објави