Вин Дизел сака да оди во Кина и покрај заканата од коронавирус

Вин Дизел нема да дозволи заканата од коронавирус да ги одложи неговите филмови Bloodshot и Fast and Furious 9

52-годишниот актер секогаш е одлучен да им удоволи на своите фанови, и признава дека „моли“ да го промовира „Брзи и бесни 9“(Ф9) во Кина и покрај заканата од респираторното заболување поради кое премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложена од април за ноември.

Во интервју за USA Today, Вин рече: „Сакам да се појавам пред публиката и пред фановите затоа што Бог знае колку тие се покажуваат за мене.“

Го молам „Сони“ да ми дозволи да одам во Кина, дури и сега. И треба да им гo видите изразот на лицата кој вели: Ќе одиш сам, пријателу! рече Вин во интервјуто.

Ѕвездата признава дека нема да обвини никого што би ја оспорил одлуката за премиерата на Ф9 во мај според планираното, но смета дека Universal Pictures треба да се држи до распоредот.

„Нема да окривам никој на светот што ќе рече: Вие момци сте глупави што почнувате со прикажување на овој филм сега.“

„Но, сега ни требаат филмови повеќе од кога било. Веќе сме во време кога киното и кинематографското искуство се загрозени. Значи, да, премиерата дефинитивно не треба да се одложи.“

 

Треба да знаете
Последни објави