Во Белград илјада луѓе во ред чекаат да им се направи тест за коронавирус

Околу илјада луѓе во Белград, пред Воено медицинската академија (ВМА) утрово чекаат трпеливо во ред да им се направи тест како мерка на предпазливост за присуството на коронавирусот. На пациентите кои чекаат, лекарите на влезот во ВМА им земаат брис за да го направат потребниот тест.

Во Србија досега се потврдени 12 случаи на заразени со коронавирусот. Шестмина се наоѓаат на инфективната клиника во Белград, четворица се во Ниш и двајца во Нови Сад.

Од седумте нови заразени случаји, пет се поврзани со две жени за кои е утврдено дека станале позитивни по дирекниот контакт кој го имале со државјанка на Швајцарија која неодамна претстојувала во Србија, а за која е утврдено дека е позитивна на ковид-19.

 

Треба да знаете
Последни објави