Германски фудбалер заразен со коронавирус

Фудбалскиот свет е длабоко погоден со корона вирус.Првенства се прекинати,стадиони затворени,а денеска стигна информација дека германски фудбалер е нов заразен со коронавирус.

Тимо Хуберс,фудбалер на Хановер,е заразен со коронавирус.Оваа вест ја потврдија од германскиот клуб и тврди дека немал контакт со другите играчи.

„Се сомневаме дека Хуберс е заразен на еден настан одржан во сабота. Немал контакти со соиграчите од тој момент, но за секој случај комплетниот тим беше тестиран. Тимо се однесува примерно и не покажува никакви симптоми. Се пријавил сам и заминал во карантин откако слушнал дека со него на настанот била особа која имала коронавирус.“ – соопшти спортскиот директор на клубот.

Оваа сезона Хуберс поради повреда на коленото настапи само на три натпревари, а во петокот постигна погодок во победата над Нирнберг.

Треба да знаете
Последни објави