Заев: Поради коронавирусот, можеби ќе користиме поинаков вид кампања

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на потпишувањето договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори на 12 април со лидерите од партиите од коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, рече дека не гледа можност да се одложат изборите и оти тоа не е добро.

„Целта на утрешната лидерска средба кај премиерот Спасовски е лидерите на поголемите политички партии да разговараат за модалитетите на кампањата, каков вид кампања е дозволена и што е пропорачливо за да може партиите да ги промовираат нивните програми, кандидати и визии, а притоа да се почитуваат сите државни задолженија и препораки за заштита од коронавирусот. Можеби коронавирусот ќе нè стави во позиција да користиме некој поинаков вид кампања. Електронските медиуми и интернет-можностите ни се на располагање. Верувам дека ќе допреме до граѓаните. Важно е да нè чујат за да гласаат. Важно е граѓаните да излезат и да гласаат бидејќи за успешноста на изборите не е исто дали ќе гласаат 45 отсто или 75 отсто од граѓаните“, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави