Израелската војска уби палестински тинејџер

Припадници на израелската војска убиле палестински тинејџер во окупираниот Западен Брег за време на протестите против израелската конфискација на земјиште, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се вели дека 15-годишен Палестинец бил убиен со боева муниција, додека 18 демонстранти биле ранети со гумени куршуми.

Израелската војска не ги коментираше информациите, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата соопшти дека демонстрантите со камења ги гаѓале војниците, кои отвориле оган и употребиле солзавец.

Треба да знаете
Последни објави