Иличиќ е петтиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал четири гола

Словенечкиот фудбалски интернационалец Јосип Иличиќ беше најзабележителниот играч на средбата Валесија – Аталаната (3:4) постигнувајќи ги сите четири гола за италјанскиот калолигаш. Со овој скор Иличиќ стана петтиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој четирипати се запишал во листата на стрелеците на еден натпревар. Ваков скор двапати имал Лионел Меси, а по еднаш Симоне Инзаги, Марио Гомез и Роберт Левандовски. Но, Иличиќ е прв кој постигнал четири гола во нокаут – фазата од ЛШ и тоа на гостински терен.

-Среќен сум што Аталанта се пласира во четвртфиналето на ЛШ. Ова е историски резултат за клубот. Беше прекрасна вечер за мене и можам само да кажам дека жалам што немаше навивачи на „Месталја“ за спектаклот да биде комплетен, изјави Иличиќ по четирите постигнати гола против Валенсија.

Аталанта со два триумфи се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во елитното европско клупско натпреварување во својата дебитантска сезона во елитното натпреаврување.

Треба да знаете
Последни објави