Новите правила што ги објави Европската комисија во врска со трајноста на производите, би можеле да предизвикаат смрт на „културата на фрлање“, во која прозиводите се купуваат, се користат кратко, а потоа се фрлаат во отпад, пренесува Би-би-си.
Прописите ќе важат за низа секојдневни артикли, како што се мобилните телефони, текстилот, електрониката, батериите, градежништвото и амбалажата.Тие ќе осигураат, дека производите се дизајнирани и произведени така што траат, и дека истите може да се поправат ако се расипат. Тоа би значело дека мобилниот телефон може да трае подолго и докажува дека може полесно да се поправи. Ова може да биде особено точно ако екранот или батеријата треба да се сменат.
Тоа е дел од светското движење наречено „Право на поправка“, кое создаде неколку работилници за поправка на производи, во неколку градови во Велика Британија.