Поранешниот пратеник Богоевски во самоизолација, допатувал од Германија

Поранешниот пратеник Павле Богоевски на својот профил на „Фејсбук“ објави дека е во самоизолација кога претходно патувал во Германија, држава со среден ризик од коронавирусот.

„Во моментот немам симптоми“, напиша тој укажувајќи на можен проблем со имплементацијата на мерките.

„Иако нам ни се добро познати, забележав дека малкумина од патниците знаеја за мерките. Особено делот за самоизолација и препораката за јавни собири. Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, зборувајте за мерките со другите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак, ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација“, вели Богоевски.

Треба да знаете
Последни објави