СДСМ нуди континуитет на криминалот, рекетот и корупцијата

СДСМ со пратеничките листи не нуди ништо ново освен продолжение на политичката кариера на криминалната банда која е на власт веќе три години. Истрошените кадри на СДСМ не се способни за ништо друго освен криминал, економски колапс и неспособност да се остварат дадените ветувања пред граѓаните.

СДСМ нема капацитет и човечки потенцијал. СДСМ нема нова енергија и нови кадри. СДСМ очајно се обидува да ја спаси кожата на компромитираните кадри  и да обезбеди нивен политички имунитет. Носителите на листите единствено можат да се пофалат со огромни скандали и афери во политички кариери и ништо конструктивно направено за државата освен штитење на личните интереси  .

Заев е единствениот лидер аболициран за тежок криминал. Николовски го уништи земјоделието. Шекеринска е дел од криминалната транзиција. Спасовски е најнеуспешниот министер за внатрешни работи. Никола Димитров го растури МНР и го потпиша штетниот Преспански договор , а Мила Цароска со своите  нелегални активности во министерството за труд и социјала е олицетворение на неспособност, лицемерие,криминал, лаги и манипулации.

Посебна приказна се луѓето на листите како Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија.

Со вакви кадри поразот на СДСМ е очигледен и неизбежен. СДСМ не успеа да понуди ништо ново освен еден континуитет на лагите, измамите и манипулациите.

Обновата доаѓа на 12 Април со пораз на компромитираните кадри на СДСМ. Македонија ќе победи и ќе ги испрати СДСМ  засекогаш на политичкото буниште каде што и заслужуваат да бидат.

Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.

СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија.

Треба да знаете
Последни објави