Сопственикот Маринакис не заразил никого во Олимпијакос

Олимпијакос преку официјално соопштение потврди дека ниту еден член на тимот на Олимпијакос, како и стручниот штаб, управата и сите вработени во клубот не се заразени од Коронавирусот. Експресно тестирање беше направено откако се дозна дека сопственикот Евангелос Маринакис е меѓу заразаните од смртоносниот вирус, меѓутоа добро е што не го пренел вирусот, а моментално е во изолација.

Вакви добри вести се очекуваат и од таборот на Арсенал, кои по дуелите со Олимпијакос во Лигата на Европа наводно биле изложени на можно заразување. Дел од персоналот биле во контакт со Маринакис, па токму затоа предвидената средба Манчестер Сити-Арсенал се одложи.

Треба да знаете
Последни објави