Со 30 милијарди фунти Велика Британија ќе ја субвенционира економијата против последиците од коронавирусот

– Британскиот министер за финансии Риши Сунак денеска најави огромни финансиски средства за ублажување на економските последици од коронавирусот, на претставувањето на својот прв буџет пред парламентот, јавуваат британските медиуми.

Сунак притоа објави и план за поттикнување на претпријатијата од 30 милиајрди фунти (39 милијарди долари) и вети дека ќе биде преземено „се што е потребно” за поддршка на економијата.

Британските медиуми наведуваат дека Сунак „ отфрлајќи ги последиците кои во своите обраќања ги префрелирале неговите претходници во корист на посериозниот тон примерен за загрижувачкото време”, предупреди на можното значително, но и привремено влијание на епидемијата врз британската економија.

-Знам колку луѓе се загрижени за своето здравје, за здравјето на своите најмили, за работата, приходите, своите фирми, финансиска сигурност… А знам дека уште повеќе се загрижени кога ќе го вклучат телевизорот и ги слушнат приказните за нарушување на пазарот и тешките времиња што доаѓаат, рече тој пред пратениците.

Сунак(39), исто така, упати апел за воспоставување единство меѓу сите партии во парламентот во борбата против епидемијата и нејзините последици.

-Оваа куќа (парламентот) секогаш била спремна да се обедини, да ги тргне настрана партиските политики и да делува во национален интерес. Тоа веќе го правевме во минатото. И знам дека повторно ќе го правиме, порача британскиот министер за финансии.

Сунак, поранешен банкар во „Голдман Сакс”, минатиот месец стана министер за финансии во хаотични околности, кога неговиот претходник Саџид Џавид неочекувано поднесе оставка заради барањето на премиерот Борис Џонсон да го отпушти својот тим од советници.

Треба да знаете
Последни објави