– Вишиот потпретседател и уште двајца членови на кабинетот на претседателот на Исламската република се новозаболени од коронавирус, соошти денеска полудржавната агенција Фарс.
Потпретседателот на државата Ешак Џангахири не е виден на највисоките државни собири што се одржани во последните денови Другите двајца функционери за кои агенцијата тврди дека се заразени со коронавирус се министерот за култура Али Асгар Моуенсан и министерот за економија Реза Рахмани.
Државните медиуми се уште не ги потврдија овие информации, пренесувата американските медиуми.
Иран се наоѓа меѓу земјите кои се најтешко погодени од коронавирусот, бидејќи дури околу 9.000 лица во земјата се заразени од вирусот.