Филипче: Казни за приватниците кои нема да ги почитуваат мерките на Владата

Целосно сме фокусирани на корона вирусот, сега не се размислува на целосно затварање на граници- вели Филипче.

-Ја следиме ситуацијата. Шесте пациенти кои се позитивни се во стабилна состојба, немаат тешка форма имаат кислород на маска, не се на апарати, но не се знае како ќе се одвива, не се знае дали ќе се одложат изборите бидејќи не знаеме во која насока ќе се одвива состојбата со корона вирусот.

Ако приватниците не ги почитуваат препораките ќе има казни- вели министерот. Тој нема информација колку автобуси биле за 8-март во Италија и во други држави каде има корона вирус.

Треба да знаете
Последни објави