Сите пациенти кои се хоспитализирани на Инфективна клиника се со лесна клиничка слика, вели Министерот за здтавство Внко Филипче.
-Првата заболена ќе биде пуштена дома наскоро.Дванаесет лица се тестираат во моментов, двајца се со симтоми на грип од Италија. Од Дебар се осум комшии на веќе заболените, уште двајца на инфективно одделение во Штип и еден од Прилеп и тој бил во Италија. За два часа ќе се знаат резултати- вели Филипче.
За отсуство на родители треба потврда од градинка или училиште, за дневни центри на лица со попреченост важи исто и за деца и за родители. Ако двајца родители работат во институции како полиција, здравство, пожарна тогаш еден се ослободува.