Фото: Коронавирусот го испразни Клинички центар

Прв ден откако Владата ги затвори училиштата, градинките и забрани јавни собири, на Клинички центар преполовен бројот на пациенти.

Ако до завчера се бараше место плус за паркирање и имаше гужви на скоро секој оддел, денес на клиниките имаше минимален број на пациенти.

Докторите и цел медицински персонал на работните места со маски и ракавици, а не беше мал бројот и на пациенти кои носеа маски или се покриваа со шалови.

Лекарите велат дека денес се тука само тие кои мораат да бидат, хематологијаа и онкологија се полни, на Ургентен се работи вообичаено, а на Инфективна и околу неа е потполно празно.

Многу малку паценти имаше и на Клиниката за интерни болести во чиј склоп е и Кожната клиника.

(В.А.)

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави