Светскиот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, добил понуда од група шеици вредна 100 милиони долари за најголемиот боксерски спектакл одржан некогаш.
„Овој бокс меч со Мејведер единствено би се одржал само поради парите. Шеиците нголемо се трудат да го организираат. Сепак мене во моментов ми е поважно она што ќе се случува со Фергусон“ вели Хабиб.
Инаку Мејведер за оваа борба бара 300 милиони долари, или трипати повеќе од тоа што би заработил Дагестанецот.