Апсење поради продажба на потенцијално биолошко оружје на Кина

Јапонската полиција го уапси извршниот директор на компанијата за производство на медицинска опрема поради сомневање за нелегално продавање на опрема на Кина што може да се користи за развој и производство на биолошко оружје.

Осомничениот моментно е во распит и подоцна ќе биде официјално уапсен и во тек е потрага по канцелариите на компанијата, јави телевизијата НХК.

Полицијата има намера да уапси уште две лица поврзани со случајот, но нивните имиња и компаниите за кои работат не се соопштени, пренесува ТАСС.

Се сомнева дека во 2016 година тие луѓе ѝ продале уред на Кина кој претвора течност во прав.

Таквата опрема најчесто се користи во фармацевтската индустрија, но може да се користи и за создавање биолошко оружје, па затоа на јапонската влада ѝ е потребна специјална дозвола за да ја продава во странство.

Јапонската полиција редовно апси бизнисмени поради кршење на извозните забрани за Северна Кореја, но ниту еден инцидент во последните години не ја вклучи Кина.

Треба да знаете
Последни објави