Гани потпиша указ за ослободување на талибанци

Како потег на добра волја по разговорите со бунтовничките групи со цел да се стави крај на осумнаесетодишната војна во Авганистан, претседателот Ашраф Гани потпиша указ за ослободување на 1.500 талибанци од затвор.

Според указот, во кој некои светски агенции имале увид, талибанците кои ќе бидат ослободени од затвор ќе треба да потпишат гаранција дека „нема да се вратат на бојното поле”.

Затворениците ќе бидат ослободувани постепено, а како што е наведено во декретот, процесот треба да почне за четири дена.

Треба да знаете
Последни објави