– Поради прогласената пандемија од коронавирус, откажани се последните три трки од Светскиот куп во алпско скијање што требаше да се возат во шведскиот центар Оре, па големиот Кристален глобус за оваа сезона оди кај Федерика Брињоне.
„Здравјето и благосостојбата, како на сите учесници, така и на целокупната јавност, се приоритет. Трките во Оре нема да бидат заменети во календарот, па така сезоната 2019/20 во Светскиот куп е завршена”, се наведува во соопштението на Светската скијачкка федерација (ФИС).
Италијанскака скијачка до планираниот викенд во Оре собра 1.378 бода или 153 повеќе од Американката Михаела Шифрин која поради смртта на нејзиниот татко ги пропушти сите трки од крајот на јануари.
Но, големиот Кристален глобус не е единствениот што заврши кај Брињоне. Италијанката ја завршува сезона и со малиот Кристален глобус во велеслалом додека во слалом го освои Петра Влхова од Чешка.
Малите Кристални глобуси, пак, во супервелеслалом и во спуст ги освои Швајцарката Корин Зутер.