Ејза Гонзалез заблеска во црвен фустан на премиерата на „Бладшот“

Таа деновиве е жешка роба во Холивуд, пишуваат светските таблоиди.

А во вторникот вечерта, Ејза Гонзалес беше во центар на вниманието на премиерата на нејзиниот нов филм „Бладшот“ во Лос Анџелес.

Друга ѕвезда во филмот е Вин Дизел, но сите погледи беа вперени во мексиканската актерка во долг црвен фустан кој остава без здив.

Фустанот ја одразува светлината што паѓа врз неа, а проѕирната ткаенина ги открива нејзините прекрасни нозе.

Стилскиот фустан има црна лента на рамото и вратот, а Гонзалез го искомбинира со црни сандали со високи потпетици и ремчиња околу глуждовите.

Природната убавина ја дополни со маскара со затемнета сенка за очи, малку руменило и мат боја на усните.

„Бладшот“ е базиран на истоимениот стрип. Вин Дизел го глуми Реј Гарисон, војник кој е неодамна убиен во акција и оживеан како суперхерој Бладшот од корпорацијата РСТ.

 

Треба да знаете
Последни објави