Авганистанската Влада постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително” намалување на насилството во земјата, изјави синоќа портпаролот Седик Седики.
– Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече Седики.
Според него, кога ќе започнат мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците, ќе бидат ослободени уште 500 затвореници секоја втора недела.
Седики додаде дека услов за ослободување е „значително” намалување на насилството.