Претставници на Атлетико и Ливерпул, градските власти и УЕФА, донеле одлука осминафилниот реванш меч да се одигра пред публика.
Ноќ пред натпреварот бил одржан кризен состанок, на која е донесена одлука натпреварот да се игра пред публика.
Шпанската влада пред овој натпревар упатила апел до своите граѓани да не патуваат во Англија, а доколку се решат да патуваат по враќањето да бидат одговорни исто како што тоа треба да го направат и додека се во Ливерпул.
Атлетико објави дека ќе им ги врати парите на оние кои имале билет но сепак решиле да не отпатуваат во Ливерпул.
Реванш мечот се игра вечерва од 21:00, а Атлетико има предност од 1:0.