Продолжува судењето за „Титаник”, се сослушуваат сведоци

Два од осум предвидени сведоци ќе се сослушат денеска на судењето за случајот „Титаник”. Поголемиот дел од сведоци не добиле покани за сведочење.

Судењето за овој предмет е во фаза на презентација на вербални докази од страна на обвинителството.

Овој случај за изборни нерегуралности го застапува обвинителката Лиле Стефанова, додека судскиот предмет го води судијата Осман Шабани.

Во „Титаник”, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Треба да знаете
Последни објави