Во светот вкупниот број на заразени од коронавирус надмина 119 илјади. Повеќе од 4.200 луѓе умреле како последица на респираторниот вирус, а повеќе од 66.000 закрепнале.
Во Европа состојбата е најлоша во Италија, каде што само вчера починале 168 лица. Со тоа вкупниот број на жртви се зголеми на 891, додека вкупниот број на заразени надмина 10.000.
Инфекцијата со коронавирус од Италија се пришири во речиси сите европски земји, а кај нас засега има регистрирано седум случаи.
Сепак, во две европски земји и натаму нема пријавено инфекција со коронавирус.
Откако вчера Турција го пријави првиот случај, заразени со коронавирус нема само во две други земји кои се многу блиску до нашите граници.
Станува збор за Црна Гора и Косово, кои се единствени во Европа каде сè уште нема ниту еден инфициран.
Иако досега не се пријавени случаи на инфекција во Црна Гора, црногорските здравствени власти воведоа строги превентивни мерки, кои вклучуваат забрана за патување во најпогодените земји, како и пристигнување на патници од тие земји.
Во Косово луѓето се советуваат дека треба да избегнуваат ракување, прегратки, како и непотребно движење надвор и јавни собири.