Хетаве не патува во Милано по цена да биде исфрлен од Лига Европа

Шпанскиот фудбалски клуб Хетафе нема да патува во Милано за да го одигра натпреварот против Интер во рамките од осминафиналето во Лига Европа. Ваквата одлука ја потврди претседателот на шпанскиот клуб, кој испратил официјален допис до УЕФА да бара решение за мечот, бидејќи како што ја образложуваат својата одлука не треба да се игра во во жариште на коронавирусот – Милано.

-Моите играчи нема да патуваат во Милано, по цена да ни биде забележан пораз во првиот меч со Интер, па дури и да не исфрлат од натпреварувањето. Не сакаме да одиме во жариштето на вирусот. УЕФА мора нешто да преземе и да најде решение, изјави Анхел Торес.

 

Треба да знаете
Последни објави