„Додека се бориме со вирусот, ние не смееме да дозволиме стравот да стане вирусен”, изјави
генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој ги повика луѓето и нациите да се обединат против заедничката закана од Ковид-19.
„Ова е повик за одговорност и солидарност, како обединети нации и како обединети поединци, рече Гутереш и додаде: „Заедно, сè уште можеме да го промениме текот на оваа пандемија, но тоа значи решавање на неактивноста. Најдобрите научници ни кажуваат дека доколку државите откриваат, тестираат, третираат, изолираат, трагаат и ги мобилизираат своите луѓе како одговор, можеме да одиме на долгиот пат кон ублажување на преносот на заразата“.
Светската здравствена организација вчера соопшти дека вирусот преминал во пандемија.Новиот коронавирус првично се појави во декември во кинескиот град Вухан и брзо се прошири низ целиот свет, заразувајќи над 120.000 лица.